Вие имате прво да ја знаете вистината

Фали Рамадани под лупата на истражните органи во Италија: Му се товари дело за даночно затајување и перење на пари!

Фали Рамадани, познат фудбалски агент, е под истрага на финансиските власти на Италија поради сомневања за даночно затајување и перење пари на територијата на Италија.

Рамадани е под истрага како дел од повеќемесечната операција на италијанските власти.

Пред неколку недели инспекторите упаднаа во екипата на Јувентус поради големиот број контроверзни трансфери, помеѓу кои и оној на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Трансферите кои Рамадани ги имаше со Јувентус се под лупата на истражните органи. Станува збор за заминувањето на Миралем Пјаниќ во Барселона и доаѓањето на Федерико Киеза од Фиорентина.

Италијанските истражители официјално побарале документи од 11 клубови, кои засега не се осомничени за ништо, но само сопствениците на документацијата се корисни за потребната истрага.

Тоа се Јувентус, Интер, Милан, Наполи, Рома, Фиорентина, Торино, Верона, Каљари, Спал и Фросиноне.

Рамадани е познат во светот на фудбалот. Работел и со звучни балкански фудбалски имиња. Моментално е агент на Лука Јовиќ, а соработувал со голем број играчи од соседна Србија. Тука се Филип Костиќ, Никола Миленковиќ, Лука Јовиќ, Никола Максимовиќ, Лука Миливојевиќ итн.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!