Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција подготвува голем спектакал за отварањето на ОИ во 2024 година! За прв пат овој настан нема да се одржи на стадион!

Организацискиот одбор на Олимписките Игри закажани за во Париз во 2024 година подготвува спектакуларна церемонија на отворање.

Она што е многу интересно и што го привлече вниманието на целата јавност, е тоа што отворањето нема да се одржи за прв пат на стадионот, туку во самиот центар на градот кај реката Сена.

Идејата е свечената парада на земјите учеснички да биде таква што делегациите ќе се качат околу 200 бродови кои ќе пловат по Сена во должина од околу шест километри.

Поточно помеѓу мостовите Pont d’Osterlitz и Pont d’Len.

Церемонијата треба да заврши на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула.

Сите што сакаат да бидат во близина на реката Сена ќе платат билет, оние на Трокадеро ќе бидат поштедени, а организаторите предвидуваат дека ќе има околу 600.000 гледачи за време на оваа церемонија.

Ова преставува и голем товар за безбедносните органи, кои сепак би сакале да го намалат бројот на публика на 250.000 луѓе.

Од друга страна, градската управа планира за време на оваа церемонија да има и до два милиони луѓе по течението на реката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!