Вие имате прво да ја знаете вистината

Францускиот парламент гласаше за забрана на терапии за конверзија: Kазна затвор до три години

Француските пратеници и сенаторите се согласија да работат заедно за да изготват нацрт-закон со кој се забрануваат терапии за конверзија чија цел е наметнување на хетеросексуалноста на ЛГБТ луѓето, според парламентарни извори.

За ова дело ќе биде предвидена казна затвор од две години и парична казна од 30.000 евра.

Казните може да изнесуваат три години затвор и 45.000 евра во отежнувачки околности.

Терапиите за конверзија веќе се казниви со закон, но понекогаш е тешко да се идентификуваат бидејќи доаѓаат во различни форми, се вели во соопштението на владејачката партија „Напред, Републико“ на францускиот претседател Емануел Макрон.

Некои други земји исто така ги забранија овие практики. Во Европа тоа го направија Малта, Германија и неколку шпански провинции.

Во Канада на 1 декември во Долниот дом на парламентот беше усвоен предлог-закон за нивна забрана. Во Британија, предлог-законот со кој се забрануваат терапии за конверзија на малолетни и возрасни без нивна согласност е под јавна расправа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!