Вие имате прво да ја знаете вистината

Францускиот претседател Емануел Макрон на гулаш во Унгарија! Политички противници но европски партнери

Политички противник, но европски партнер !

Вака францускиот претседател, Емануел Макрон се однесува кон унгарскиот премиер, Виктор Орбан за време на неговата прва посета на оваа држава откако беше избран за француски претседател во 2017 година. Оваа посета дојде само неколку дена пред француското преземање на претседавањето со Европската Унија што на средбата и дава посебна димензија.

Во Будимпешта се согласуваат со оценката на Макрон, па и унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, оцени дека двете држави членки на ЕУ се окарактеризира како „партнери но и противници“.

Францускиот претседател најпрво во Будимпешта беше пречекан од неговиот унгарски колега, Јанош Алер, а за време на посетата Макрон, покрај средбата со Орбан, имаше закажано учество и на состанокот на Вишеградската група, која покрај Унгарија ја сочинуваат и Словачка, Чешка и Полска. Тоа кажува многу, бидејќи овие четири источни држави членки на ЕУ сериозно им противречат на другите членки и на бриселската администрација кога се во прашање бројни клучни прашања, како што е кризата со мигрантите, но овде е и односот кон судството, медиумите, семејството, LGBT популацијата итн.

Унгарија, како и Полска, се цел на Европската комисија, која поради горенаведено покрена различни правни постапки против нив. Но, прогресивците и националистите сега, бараат заеднички јазик. Затоа, средбата со Орбан, но и со другите од оваа група, беше можност Макрон што подобро да го проучи нивниот пристап, но и да се обиде, барем, да најде заеднички јазик помеѓу прогресивците и националистите врз основа на кои ЕУ би можела да реши некои од горливите прашања.

Без оглед на нашиот политички сензибилитет помеѓу 27-те членки, ние мора да работиме заедно, за нашата Европа – посочи Макрон, претставувајќи ја француската програма за претседавањето со ЕУ.

Во исто време, Макрон не избегна да зборува за жешки прашања, а познато е дека тој се карактеризира како човек кој нема влакна на јазикот. Во таа насока, тој во француската амбасада во Унгарија, имаше закажани средби и со претставници на опозицијата, како што се градоначалниците на Будимпешта, Гергељ Карачони и Ходмезевасархел Петер Марки Зај. Пред средбата со Орбан, агендата на посетата го однесе на гробот на филозофката и социолог, Агнес Хелер, која тој ја прими како опозиционер во 2018 година во Елисејската палата.

Макрон нагласи дека со Орбан имал несогласувања во областа на човековите права, но секогаш либералниот Макрон заедно со  конзервативниот Орбан можат да комуницираат и на прашања како што се заедничката европска одбрана, европскиот инвестициски буџет и нуклеарната енергија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!