Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѕвезда од филмот „Сам дома“ е обвинет дека ја давел својата партнерка

Девин Ретреј, актерот кој се прослави со улогата на Бејс Мекалистер, најголемиот брат на малиот Кевин во филмот „Сам дома“, е обвинет за насилство од партнерката.

Инцидентот се случил на 9 декември, а актерот наводно ја удрил девојката со тупаница по лицето, и ја ставил раката на уста и се обидел да ја задави за време на расправија.

Полициски извори за странските медиуми изјавиле дека инцидентот се случил во хотелот Хајат во Оклахома, а по инцидентот партнерите тргнале по својот пат. Девојката на Ратреј го пријавила, но обвинението не е покренато.

Адвокатот на актерот изјавил дека таа вечер избила кавга меѓу партнерите, што довело до нивно раскинување, но дека немало физичко насилство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!