Вие имате прво да ја знаете вистината

Јанша го потврди првиот случај на заразен со Омикон во Словенија

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, го потврди првиот случај на инфекција со новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон во таа држава.

Трендот на смирување на епидемијата забави минатата недела, но со тестирањето на населението државата октри присуство на видот Омикрон, ова го потврди и Јанша за време на говорот во парламентот пред редовната седница, без да даде детали. Зборуваше за активностите на неговата влада за време на епидемијата на Ковид-19 вирусот и тешкотиите со кои се соочила истата за време на неговиот мандат. 

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.712 новозаразени лица, односно секој трет тест бил позитивен на вирусот, додека 11 лица починале, соопшти Националниот институт за јавно здравје на Словенија (НИЈЗ).

Според таа институција, во Словенија моментално има 21.362 активно инфицирани луѓе. Седумдневниот просек на инфекции во еден ден бил 1.352.

Податоците за епидемијата се во благ надолен тренд, но во болничките кревети се уште има 817 пациенти, па се проценува дека здравствениот систем се уште е преоптоварен со епидемијата.

На одделенијата за интензивна нега има 235 пациенти, значително помалку од врвот на четвртиот бран кога ги имаше 291. Но, за поголемо релаксирање на мерките според утврдената скала на релаксација, таа бројка треба да се намали на помалку од 100, предупредуваат епидемиолозите од таа држава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!