Вие имате прво да ја знаете вистината

Јенс Столтенберг се повлекува од функцијата во НАТО !? Се кандидира за гувернер на Норвешката централна банка

Генералниот секретар на НАТО алијансата, Јенс Столтенберг е помеѓу кандидатите кои се кандидираат за гувернер на Норвешката централна банка, соопшти денеска (вторник) Министерството за финансии на држава.

На листата од 22 кандидати се најде и заменик-гувернерот на норвешката банка, Ида Волден Баче, која според многу економисти е и најголемиот фаворит за гувернерската функција.

Кандидатот кој ќе биде избран за гувернер ќе биде задолжен за одредување на каматните стапки и ќе го надгледува моќниот и суверен норвешки богат фонд, кој располага со имот од 1,4 трилиони долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!