Вие имате прво да ја знаете вистината

Ќерката на Жељко Јоксимовиќ со фотографија откри емотивна семејна вест (фото)

Не е тајна дека познатиот балкански пејач, Жељко Јоксимовиќ во 1995 година се ожени со Весна Аврамовиќ, долгогодишна негова девојка од родното Ваљево, со која истата година ја добија и ќерката Мина.

Во тоа време, пејачот, кој моментално е еден од најпознатите музичари на балканските простори, имаше 23 години, а исто толку имаше и неговата избраничка.

Младиот пар не издржа долго заедно во брачната заедница. Тие се разведоа, но поради детето останаа во коректна врска, а нивното единствено дете и понатаму истакнува дека додека растела ја имала поддршката од двајцата родители.

Весна Аврамовиќ

Иако нејзиниот татко и мајка не успеаја да го спасат бракот, Мина Јоксимовиќ има пример во семејството со кој може да се гордее и на кого може да се угледа.

50 години брак, баба и дедо! – напиша таа покрај фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил, а на која се фотографирани родителите на нејзината мајка Весна, која по професија е психолог.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!