Вие имате прво да ја знаете вистината

380 милиони долари ќе бидат доделени на сексуално злоставуваните гимнастичарки од САД

Над 500 гимнастичари кои биле сексуално злоставувани од Лоренс Насар, поранешен доктор на американската гимнастичарска репрезентација, би можеле да добијат отштета од 380 милиони долари од Американската гимнастичка федерација и Американскиот олимписки и параолимписки комитет.

Со тоа би се затворило последното поглавје од еден од најголемите скандали во историјата на американскиот спорт.

Договорот за спогодба беше објавен за време на судската постапка во Индијана. Средствата, исто така, ќе ги обештетат американските олимписки победнички: Симон Билс, Мекејла Марони и Али Рајсман.

Жртвите страдале од анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, додека некои се обиделе и да го убијат злоставувачот Насар, кои тврдел дека тоа што го прави е под изговор за лекување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!