Вие имате прво да ја знаете вистината

Берлин предупредува: „БиХ ќе се распадне“

Кристијан Шмит предупреди на опасноста од „притаен распад“ на државата БиХ, посочувајќи дека меѓународната заедница ги потценила сецесионистичките аспирации.

Високиот претставник на меѓународната заедница изјави и дека не ја исклучува можноста за воведување санкции за Република Српска.

Шмит во интервју за германски „Дојчландсфунк“ вели дека во моментов интензивно се разговара за санкциите како реакција на аспирациите за отцепување.

„Може да се замисли дека условите за секоја исплата што пристигнува во БиХ треба да бидат условени, или дека оние што постапуваат спротивно на Дејтонскиот договор, односно евентуално насочуваат средства во своите џебови, ќе бидат изложени на санкции“, рече тој.

Шмит рече дека, како висок претставник, тој има овластување да одлучува за такви мерки.

„Ако се работи за зачувување на мирот во овој регион и во земјата, а тоа има последици за соседите, тогаш сите можности мора да се извадат од фиоката и да се стават на маса“, рече тој.

Тој истакна дека во својата фиока ги има таканаречените бонски овластувања и дека ги има клучевите за да ги извади, а не исклучува дека ќе ги користи.

Тој истакна дека и е благодарен на новата шефица на дипломатијата Аналена Бурбок што кажала дека може да ги искористи тие овластувања.

Запрашан колку е блиску отцепувањето на Српска, Шмит рече дека се уште не е политички блиску.

„Не верувам дека гледаме голем план, една голема стратегија, туку само обиди и прашање до каде можеме да стигнеме, а тоа е голема опасност и притаен облик на распаѓање на државата“, нагласи тој.

Тој вели дека сепаратистичките аспирации на Милорад Додик, кој, како што вели, бил „многу конструктивен во раните години“, не можат да се видат без да се погледне календарот.

„Изборите ќе се одржат во БиХ следната година, а Додик, кој е член на Претседателството на БиХ, исто така сака да води политика на изборна кампања во РС“, објасни тој.

Запрашан за поддршката на Русија за Српска, тој рече дека не присуствувал на разговорот меѓу Додик и Владимир Путин, но и дека тие биле кратки, што сепак покажува дека Русија има голем интерес за РС.

Шмит додава дека е среќна околност што во целиот регион, со посебен осврт на Србија, нема интерес за ескалација на ситуацијата и кризата и дека Русија сака да ја продаде својата енергија на сите.

Зборувајќи за европската перспектива, тој рече дека БиХ не исполнила ниту една од 14-те точки на листата на ЕУ.

Тој тврди дека тоа има врска со блокадата на власта, со нефункционалноста, бидејќи некои водат политика на „празни столчиња“ и политика на уништување.

Тој препорача ЕУ да иницира одредени форми на средни чекори.

Запрашан за американскиот претседател Џозеф Бајден и неговите познавања за Балканот, Шмит рече дека одлично го познава регионот и дека има тим кој интензивно се занимава со Западен Балкан и особено со БиХ.

„Мислам дека Американците исто така работат на заедничка стратегија со ЕУ и Британците, објасни тој, пофалувајќи го специјалниот ангажман на Британија со нејзиниот пратеник, генералот Пич.

Тој рече дека добил добар впечаток и од Џек Саливан, претставник на САД, но повтори дека се пропуштени неколку години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!