Вие имате прво да ја знаете вистината

Блинкен ја прекина турнејата во Југоисточна Азија: Член на американската делегација позитивен на Ковид

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен ја прекина турнејата низ Југоисточна Азија поради еден потврден случај на Ковид-19 во американската делегација. Третата етапа од турнејата требаше да биде во Бангкок, каде за утре беа планирани средби со тајландски претставници .

Според портпаролот на Блинкен, тие средби се откажани со цел да се намали ризикот од инфекција, а државниот секретар ќе се врати во Вашингтон.

Блинкен изрази жалење што нема да може да присуствува на состаноците во Бангкок оваа недела.

Како дел од неговата турнеја низ Југоисточна Азија, Блинкен престојуваше во Џакарта и Куала Лумпур пред да ја откаже посетата на Тајланд. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!