Вие имате прво да ја знаете вистината

Европскиот парламент удри по антиваксерите: Казнети четири пратеници помеѓу кои и независен Хрватски пратеник!

Независен хрватски пратеник е казнет поради прекршување на Ковид-19 протоколите во Европскиот парламент.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, утрово им ги одзеде дневниците на пратениците кои не ги почитуваат мерките воспоставени за заштита од Ковид-19.

Според хрватските медиуми, помеѓу четворицата казнети европратеници е и независниот хрватски пратеник, Мислав Колашиќ, на кого ќе му бидат ускратени две дневници.

Дневницата на пратеник кога учествува во работата на парламентот изнесува 320 евра.

Најлошо помина пратеникот од Романија, Кристијан Терес кои доаѓа од Клубот на европските конзервативци, кој загуби седум дневници.

Казнетите парламентарци одбија да покажат сертификат и влегоа во Европскиот парламент без него, што е грубо кршење на заедничките правила, загрозување на другите во Парламентот и грубо оштетување на угледот на Европскиот парламент, изјави Сасоли.

Пратеникот од Хрватска, Колашиќ е познат како некој кој оди жестоко противи Ковид-19 мерките.

На протестот против мерките што беше одржан во Хрватска тој учествуваше без маска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!