Вие имате прво да ја знаете вистината

Заврши средбата помеѓу Путин и Џинпинг: Русија и Кина воспоставуваат односи на едно повисоко ниво! Путин поканет на отварањето на ЗОЛ во Пекинг!

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска разговараше со својот кинески колега, Си Џинпинг, и посочи дека руско-кинеските односи се пример за добра меѓудржавна соработка.

Рускиот и кинескиот лидер разговараа повеќе од еден час преку видео повик, а нивните канцеларии објавија снимка од почетокот на преговорите. Путин изјави дека руско-кинеските односи се пример за меѓудржавна соработка за 21 век. Тој додаде дека Москва и Пекинг продолжуваат со постојани контакти за време на пандемијата со Ковид-19 вирусот.

Воспоставен е нов модел на соработка помеѓу нашите земји, заснован на принципи како што се немешање во внатрешните работи и взаемно почитување на интересите и точна решеност за заедничката граница да се трансформира во зона на вечен мир и добрососедство, изјави Путин.

Посочувајќи дека Русија и Кина дополнително ја подобриле трговската соработка, Путин изјави дека билатералната трговија е зголемена за 31 отсто оваа година и достигнала 123 милијарди долари. Станува збор за рекордна размена за време од 11 месеци, а Русија и Кина најавуваат дека таа сума ќе надмине 200 милијарди долари до крајот на годината.

Наведувајќи дека продолжуваат да спроведуваат заеднички проекти во областа на нуклеарната енергија, индустријата и високата технологија, Путин изјави дека блиската координација на Русија и Кина на меѓународната сцена и одговорниот заеднички пристап за решавање на актуелните проблеми во светот станале важни елементи на стабилноста во меѓународните односи.

Активно работиме заедно во Советот за безбедност на Обединетите нации, Шангајската организација за соработка и платформата БРИКС. Придонесуваме за формирање на праведен светски поредок заснован на меѓународното право, изјави Путин.

Заблагодарувајќи му се на својот кинески колега Си, за поканата за свеченото отворање на Зимските олимписки игри, што ќе се одржат во февруари следната година во Пекинг, Путин изјави дека ќе се сретне со својот колега пред почетокот на таа церемонија.

Секогаш се поддржуваме меѓусебно за прашањата кои се однесуваат на соработка во областа на меѓународниот спорт, вклучително и отфрлањето на обидите за политизирање на спортот и олимписката кампања. Не се сомневам дека и Зимските олимписки игри ќе се одржат на највисоко ниво. Кина знае како да го направи тоа, изјави Путин.

Кинескиот претседател Џипинг изјави дека светот влегол во период на големи промени, додавајќи дека кинеско-руските односи ја покажале својата сила да преживеат низ сите видови тешкотии.

Кина и Русија решително меѓусебно се поддржуваат во прашања од витално значење за нивното национално достоинство и интереси. Ние сме во првите редови на кинеско-руските односи и одржуваме блиски контакти на различни теми на различни начини, изјави Џинпинг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!