Вие имате прво да ја знаете вистината

Запознајте ја Снежана. Потекнува од Македонија, изгледа како божица, мајка е на три деца а има 41 година (фото)

Снежана има 41 година, мажена е за фитнес инструктор и моментално е бремена по четврти пат во животот, а сега открива како одржува нејзината завидна линија.

Снежана Вуд е по потекло од нашата држава, Македонија, а порано го носеше презимето Маркоски, таа потоа се омажи за познатиот австралиски фитнес инструктор, Сем Вуд.

Изгледа прекрасно, има завидна линија и тело на кое би му позавиделе и помладите дами. Секако, нејзиниот сопруг ѝ помага да се одржи во витка линија бидејќи ги следи програмите за тренирање што тој ги прави, но тоа не е единственото нешто што таа го прави.

Како мајка на три деца, од кои најстарата ќерка и е првиот брак и има 16 години, а другите две деца од бракот со Сем се четири и две години, со тоа јасно е дека Снежана има многу обврски. Меѓутоа, времето што го поминува со нив, таа го користи и на паметен начин, за да биде физички активна.

На пример, таа кажува дека рацете и биле многу стегнати по породувањето бидејќи често ја носела ќерката во нив, а и помогнала и можноста да вежба дома, тоа и помогнало да не го прескокнува тренингот.

Таа се труди и да не јаде многу леб, но и да пие доволно вода, бидејќи, како што истакнува, важно е да се чувствува и да изгледа убаво.

Снежана вели дека барем еднаш неделно оди на трчање или возење велосипед бидејќи тоа е нешто што можат да го прават заедно како семејство додека тренираат. А нејзиниот сопруг многу шета со децата и тоа го прави секој ден.

Снежана исто така прави и пилатес и јога вежби еднаш неделно, а вели дека освен што и помага да изгледа како божица, и помага и да се ослободи од стресот. Кога и треба некој посилен тренинг, боксува со сопругот и истакнува дека тоа навистина го забрзува пулсот.

Кога не е расположена или нема време за целиот тренинг, го зема и го прескокнува јажето најмалку пет минути, а покрај сето тоа нагласува дека сонот е многу важен.

Често си легнувам подоцна отколку што би сакала, но дефинитивно се чувствувам подобро кога сум доволно наспиена, истакнува оваа убавица.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!