Вие имате прво да ја знаете вистината

Ибрахимовиќ на посета кај Папата во Ватикан! „Папата конечно го виде Бог“ (фото)

„Папата го виде Бог“, гласи еден од илјадниците коментари на фотографијата која напаѓачот на италијанскиот фудбалски гигант, Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја објави на својот официјален Инстаграм профил со која ја илустрираше својата посета на Ватикан и приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск.

Шведскиот фудбалер со босанско потекло на папата Франциск му подари потпишан дрес на Милан како и неговата авторска книга „Адреналин“, порачувајќи му дека тука е дел од неговата животна приказна.

Римокатоличкиот поглавар му вети на Ибрахимовиќ дека со задоволство ќе го прочита неговото дело, а од своја страна Папата му ја подари книгата „Спортот според папата Франциск“

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!