Вие имате прво да ја знаете вистината

Иран: Постигнавме добар договор со МААЕ

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан денеска изјави дека Техеран постигнал „добар договор“ со Меѓународната агенција за атомска енергија.

Тој на состанокот со амбасадорите во Техеран зборуваше за спорот меѓу МААЕ и Иран.

„Постигнавме добар договор со МААЕ во вторникот вечерта. Овој договор може да ја ублажи загриженоста поради тврдењата за мирољубивата нуклеарна програма на Иран и да обезбеди поголема соработка со агенцијата отколку порано“, рече Абдолахиан.

Тој додаде дека другата страна прифатила нацртите презентирани од Иран да бидат на маса на преговорите во Виена.

„Се надеваме дека другата страна ќе преговара со искрени намери за да се реши проблемот. Ние сме оптимисти. Доколку другата страна постапи реално, можеме да постигнеме напредок во оваа рунда преговори“, рече Абдолахиан.

Иран и МААЕ постигнаа делумен договор за нуклеарните прашања во спорот меѓу страните, но спорните прашања остануваат нерешени.

Агенцијата на ОН за атомска енергија соопшти дека договорот со Иран за замена на камерите за надзор во централата во Карај е важен развој на МААЕ за набљудување на активностите во Иран, додавајќи дека во наредните денови ќе бидат поставени нови камери, пренесе Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!