Вие имате прво да ја знаете вистината

Историски ден за науката: Вселенската сонда на НАСА го „допре“ сонцето! (видео)

Вселенската сонда „Паркер“ на вселенската агенција НАСА денеска испиша историја. Ова вселенско летало стана првото кое успеа да влезе во орбитата на сончевата атмосфера.

Според соопштението на НАСА, сондата прелетала низ сончевата круна односно горниот слој на нејзината атмосфера, собирајќи честички и податоци за магнетните полиња. Во соопштението се вели дека тоа претставува пресвртница и џиновски скок за соларната наука.

Допирањето на Сонцето со „Паркер“ соларната сонда е многу сензитивен момент за соларната наука и навистина извонреден подвиг – изјави Томас Зурбухен од Дирекцијата за научни мисии на НАСА.

Не само што оваа пресвртница ни дава подлабок увид во еволуцијата на нашето Сонце и неговите ефекти врз Сончевиот систем, туку ова ни дава повеќе детали за сè што учиме за нашата ѕвезда, исто така, не учи повеќе за ѕвездите во остатокот од универзумот, додаде Томас.

Вселенската агенција објави дека „Паркер“ ги нашол вистинските услови за влегување во сончевата атмосфера на 18,8 сончеви радиуси (околу 1,3 милиони километри) над површината на Сонцето за време на неговиот осми лет на Сонцето кои започна на 28 април, а поминувањето траело неколку часа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!