Вие имате прво да ја знаете вистината

Ковачевски официјално ја презеде од Заев функцијата претседател на СДСМ

Во седиштето на СДСМ попладнево беше извршено примопредавање на функцијата претседател на партијата од досегашниот лидер Зоран Заев на новозибраниот Димитар Ковачевски.Заев, како што информира прес службата на СДСМ, му ја честиташе победата на новоизбраниот Ковачевски и му посака успешен мандат.

-Претседателе ти посакувам среќа, мудроста ја имаш, да ја чуваш оваа најголема и државотворна партија, да ја негуваш социјалдемократијата, да водиш грижа за единството и да ја чуваш слободата и демократијата во нашата земја, како и во партијата. Посакувам успешен мандат како претседател на СДСМ, да избереш мудро раководство кое ние сите ќе го следиме. СДСМ е столб на државноста, му порача Заев на Ковачевски.Ковачевски му се заблагодарил за придонесот во водењето на партијата, но и на Владата во изминатите години.-Ти благодарам и за мудрите одлуки што ги донесе за партијата, но и за државата, благодарение на кои што денеска земјата е членка на НАТО и сме на прагот на почнување на преговори со ЕУ, истакна Ковачевски.Тој му се заблагодарил на Заев и за тоа што во наследство остава партија која има најголем кадровски потенцијал.

Димитар Ковачевски на вонредните внатрепартиски избори на 12 декември со 37.649 гласови од членството беше избран за нов претседател на СДСМ.

Ковачевски доаѓа на местото на Зоран Заев кој беше лидер на СДСМ од 2013 година и кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!