Вие имате прво да ја знаете вистината

Лукашенко јасно истакна: Моја задача е да ја заштитам мојата држава од војна, бидејќи во историјата никогаш не бевме поштедени

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека негова главна задача е да ја заштити Белорусија и нејзините граѓани од војната и конфликти.

На средбата со активистите од регионот на Витебск, Лукашенко истакна дека ситуацијата во светот постојано се влошува, дека има конфронтација помеѓу геополитичките големи играчи, и дополнително дека пандемијата на Ковид-19 вирусот ја влошува целата ситуација.

Лукашенко ги повика властите да спречат повторување на настаните од 2020 година.

Ниту една војна не не заобиколи нас во минатото, а нема ни до сега. Не дај Боже да избие. Затоа моја задача е да ја спасам државата и народот од војната, изјавата ја пренесе прес-службата на белорускиот претседател.

Тој додаде дека треба да се посвети внимание на прашањата за територијалната одбрана.

Не сакам нашиот народ уште еднаш да се најде, не дај Боже, во центарот на некаква војна. Знаете дека имаме територијална одбрана и територијални трупи – нагласи Лукашенко.

Тој изрази загриженост и за можноста од сајбер напади, наведувајќи дека доколку не се преземат неопходните мерки за заштита, тоа може да доведе до сериозни последици.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!