Вие имате прво да ја знаете вистината

Лука Модриќ и Марсело тестирани позитивни на Ковид-19, Реал Мадрид следните неколку натпревари ќе ги игра без нив

Хрватскиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Лука Модриќ и Бразилецот, Марсело се позитивни на Ковид-19 вирусот! Ова е веста што ја соопшти Кралскиот клуб оваа денеска (среда), на четири дена пред првенствениот натпревар со Кадиз на Сантијаго Бернабеу.

Модриќ и Марсело се ставени во десетдневна изолација. Сите преостанати играчи чекаат да бидат тестирани за да се види дали во екипата има повеќе позитивни играчи, а засега е јасно дека Марсело и Модриќ ќе го пропуштат натпреварот против Атлетик Билбао на Сан Мамес три дена подоцна по натпреварот со Кадиз.

Капитенот на хрватската репрезентација треба да биде целосно подготвен за борбата во која Реал Мардир ќе го „гони“ следниот нивен трофеј, а тоа е Суперкупот на Шпанија. Тој се игра во Саудиска Арабија, а во полуфиналето на 13 јануари ќе се сретнат великаните – Барса и Реал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!