Познатиот балкански пејач, Мишо Ковач е заразен со Ковид-19 вирусот. Освен пејачот, на вирусот се позитивни и неговата сопруга Лидија и нивната ќерка Ивана.
Пејачот пред неколку дена беше пренесена во болница. Доби кислородна подршка и здравјето како што кажуваат лекарите му се подобри. Ковач денеска е пуштен на домашно лекување.
Моментално тој се наоѓа заедно со сопругата и ќерката во стан под кирија во Строжанац, недалеку од Сплит.
Инаку, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија во Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневаа на пневмонија, сепак на крајот се покажало дека нема пневмонија, па музичарот беше пуштен дома по примена антибиотска терапија.
Откако ја напуштил болницата, Мишо се чувствувал добро и отишол во Строжанац да ги посети семејните пријатели и се претпоставува дека и таму се заразил со Ковид-19 вирусот.