Вие имате прво да ја знаете вистината

Ми плати 15,000 долари за да го абортирам неговото дете! Порно актерка откри со која НБА ѕвезда имала авантура

Контроверзниот НБА играч, Тристан Томпсон зад себе во кариерата има неколку големи љубовни авантури.

Канаѓанецот Тристан Томпсон не може без инциденти.

Некогаш беше шампион во НБА лигата со екипата на Кливленд Кавалирс, но веќе со години е човек кој што се наоѓа на маргините на НБА. Некогашниот четврти пик од драфтот, моментално настапува за екипата на Сакраменто, а во медиумите почесто е поради љубовни врски отколку поради натпревари и игри кои привлекуваат големо внимание.

Претходните денови низ странските медиуми се пишуваше за Марали Николс на која и понудил 75.000 долари за да абортира наводно дете направено од него, а на сето тоа сега се јави и порно ѕвездата, Слим Денџер, која тврди дека земала 15.000 долари за абортус од него!

Според нејзината приказна, таа го запознала контроверзниот кошаркар во свингерски клуб и забременила по бурната ноќ.

Потоа го видела Тристан уште неколку пати, а тој и платил пари повторно да стапи во контакт со неа. Тој и дал пари за да ја види, а потоа и понудил 15.000 долари кога дознал дека е бремена од него. Таа прифатила и абортирала дете за кое се верувало дека е дете на Томпсон.

Тристан со години е во љубовна врска со Клои Кардашијан, но таа врска „пукна“ поради неговите проневерства. Се започна со неговата авантура со полусестрата на Клои, Кајл Џенер. Иако веста за неверството со Џордин Вудс беше главна тема во САД, Клои му прости и ја продолжија врската.

Сепак, Тристан не се смири.

Тој продолжил да изневерува и да прави проблеми, што довело до раскинување. Набрзо се покажало дека бројот на жени со кои имал авантури е многу поголем отколку што изгледал, а помеѓу нив била и порно актерката Слим Денџер.

Таа има дете со американскиот рапер Шеф Киф, а позната е и по тоа што во јавноста објавува информации за тоа што сака да прави со Одел Бекам Јуниор, американски фудбалер. Таа сега откри детали за Томпсон, а не би било изненадување доколку жената која заработува од сајтот „Onlyfans“ открие уште некоја пикантерија за познатите спортисти.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!