Вие имате прво да ја знаете вистината

Најуспешната такси компанија во Париз ја прекунува соработката со Тесла! Причината е ужасна сообраќајна несреќа

Најуспешната такси компанија во Париз ја прекина употребата на возилото Tesla Model 3 како такси возило откако едно од овие возила минатиот викенд учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а неколку беа повредени.

Несреќата се случила во саботата навечер кога еден од таксистите го возел своето семејство надвор од работната должност на вечера во ресторан, изјави заменик-извршниот директор Јан Рикордел.

Според француските медиуми, возилото се судрило со велосипедист и тројца пешаци, а на крај удрило во комбе. Во несреќата едно лице го загубило животот, а дваесетина се повредени. 

Такси компанијата извести дека ќе ја прекине употребата на 37те автомобили Tesla Model 3 од возниот парк по крајот на полициската истрага. Компанијата Tesla соопшти дека започнува истрага за отфрлање на сите дезинформации за возилото, додека возачот тврди дека се обидел да закочи, но возилото било забрзано и не успеало. Засега не е јасно во кој режим на возење бил поставен автомобилот, односно дали бил вклучен автопилотот.

Жером Куме, градоначалник на 13-та област во Париз, напиша на својот Твитер профил дека првите елементи од истрагата укажуваат дека возилото имало проблеми со педалот за гас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!