Вие имате прво да ја знаете вистината

Новата девојка од филмот на Џејмс Бонд повторно е вљубена! Го остави Бен Афлек за сопственикот на Тиндер (фото)

Познатата актерка, Ана де Армас, која ја воодушеви публиката како девојка на Џејмс Бонд во најновото продолжение на филмот „No Time To Die“, повторно е вљубена откако претходно оваа година ја раскина врската со колегата Бен Афлек.

33-годишната убавица е видена како се бакнува со згоден маж на улица, а се чини и се шпекулира низ американските медиуми дека тоа е извршниот директор на социјалната мрежа Тиндер, Пол Букадакис.

Парот не се разделува еден од друг, а Ана во еден момент дури и му ја симна заштитната маска од лицето за да му даде страстен бакнеж.

Оваа двојка странските медиуми почнаа да ја поврзуваат уште во текот на летото, а се чини дека романсата се уште цвета.

Убавата Кубанка пред Букадакис беше во врска со Бен Афлек, а се запознале за време на филм во кои и двајцата имале улога.

Иако сега е видно среќен со својата нова/стара љубов Џенифер Лопез, Афлек извесно време изгледаше несреќно по раскинувањето со Ана де Армас, кое наводно се случило преку телефон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!