Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е најголемата и најлуксузна вила во светот! Погледнете како изгледа. Се продава по ниска цена поради премногу долгови (видео)

Мега вилата наречена како „The One“ во Лос Анџелес, која требаше да биде една од најскапите продадени куќи во САД, банкротираше деновиве и ќе се продава на аукција по пониска цена, откако нејзиниот сопственик не платил повеќе од 165 милиони долари долг, се вели во соопштението на судот.

Минатата недела мега луксузната вила „The One“, најскапата семејна куќа во Америка со оригинална продажна цена од 500 милиони долари, излезе на аукција и ќе се продава по пониска цена од 250 милиони долари.

Имотот се простира на површина од 9.754 квадратни метри, имотот е ставен во стечај од Вишиот суд во Лос Анџелес бидејќи сопственикот на вилата Нил Нијами должел милионски заеми,

Нијами, инвеститор во недвижнини, ја купи „The One“ во 2012 година и ги помина последните девет години ветувајќи дека ќе ја изгради најголемата куќа во САД и ќе ја претвори во профит, но не можеше соодветно да ја заврши изградбата и да најде купувач откако таа се изгради, а продажбата започна во јануари.

Огромната и луксузна вила „The One“ е како рај за милијардерите, таа има и ноќен клуб, салон за убавина, казино, пет базени, 20 спални соби, 42 бањи. Опкружен е со патека за трчање долга 121 метар. Главниот салон е со површина од 510 метри квадратни, со сопствена канцеларија, базен и кујна.

Мега вилата има и гаража во која можат да се сместат 30 автомобили, а има и поглед на океанот и планините. Најскапата вила во САД ја дизајнираа архитектот Пол Меклин а дизајнерката на ентериер е Кетрин Ротонди. 

Во 2018 година, инвеститорот Нијами позајми 82,5 милиони долари од Hankei Investment Co. за финансирање на екстравагантниот проект, а рокот за отплата му бил до октомври 2020 година. Претседателот на Hankei Investment Co., Дон Ханкеи се залагаше куќата да банкротира за да си ги врати заемите. 

Како изгледа најскапата куќа во Америка погледнете во видеото.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!