Вие имате прво да ја знаете вистината

Олаф Шолц: Новата германска Влада ќе даде се од себе за да го вради животот во нормала

Новиот германски канцелар, Олаф Шолц, вети дека неговата нова влада ќе направи се што е во нејзина моќ за да ја надмине пандемијата со Ковид-19 вирусот и да им овозможи на граѓаните да се вратат во нормалниот живот, изјавувајќи дека, тие ќе ја добијат оваа битка, во неговиот прв голем политички говор во парламентот.

Шолц, кој минатата недела ја презеде функцијата од долгогодишната канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека тие немале време за фрлање. додека ја презентираше агендата на неговата трипартиска коалициска влада.

Тој ја презеде функцијата во време кога Германија се бори со најголемиот бран на вирусот од почетокот на пандемијата. Имаше одредени навестувања дека ограничувањата воведени минатата недела почнаа да го забавуваат ширењето на вирусот, а новиот канцелар истакна дека неговата земја е во добра позиција да го исполни ветувањето од ноември дека ќе има 30 милиони вакцини до крајот на годината.

Да, ситуацијата е подобрена. Ќе ја продолжиме борбата против оваа пандемија со најголема одлучност и ќе ја добиеме оваа битка – им порача тој на пратениците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!