Вие имате прво да ја знаете вистината

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово

Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на државата, покрај со неговата косовска колешка Османи-Садриу, Пендаровски во рамки на еднодневната официјална посета ќе има средби и со претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Во рамки на престојот во Косово, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на Мисијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!