Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин ја доби поддршката од Си: „Создаден е нов модел на соработка меѓу нашите земји“

Рускиот претседател Владимир Путин ја доби поддршката од кинескиот лидер Си Џинпинг за неговата потрага по законски обврзувачки безбедносни гаранции од Западот, изјави претставник на Кремљ.

Си му рекол на Путин дека ја разбира загриженоста на Русија и ја поддржал руската иницијатива откако Путин го информирал за неговиот неодамнешен видео-самит со американскиот претседател Џо Бајден, изјави на брифинг советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека двајцата лидери, исто така, го изразиле своето „негативно мислење“ за создавање на нови воени сојузи како што е партнерството на АУКУС меѓу Австралија, Велика Британија и САД.

Разговорите се одржаа во време на високи тензии во односите на двете земји со Западот. Додека Кина е под притисок во врска со човековите права и Русија е обвинета дека и се заканува на Украина, двата соседи се обединети во отфрлањето на мешањето на Западот.

„Создаден е нов модел на соработка меѓу нашите земји, кој меѓу другото се заснова на принципи како што се немешање во внатрешните работи и взаемно почитување на интересите“, му рекол Путин на Си на почетокот на разговорите.

Тој рече дека Москва и Пекинг ги координираат своите активности и преземаат одговорен заеднички пристап за решавање на меѓународните проблеми.

„Придонесуваме за создавање на праведен светски поредок заснован на меѓународното право“, рече Путин.

Портпаролот на Путин во вторникот рече дека Путин сака да разговара со Си за „многу напнатата“ меѓународна ситуација, особено во Европа каде што Москва е подложена на „многу, многу агресивна реторика од САД и НАТО“.

Русија сака САД и НАТО да гарантираат дека западната воена алијанса нема да се прошири понатаму на исток или да распореди одредени системи за оружје во Украина и другите земји кои граничат со Русија.

Ушаков рече дека Русија официјално ги доставила своите предлози до Соединетите држави во средата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!