Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија предупредува: Западните држави ја полнат Украина со оружје!

Западните земји распоредуваат свои милитанти во Украина под маската на инструкторот, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Украина се полни со оружје, се работи за директни испораки, се работи за договори за иднината, а како што можете да видите, тоа се милионски и мултимилионски договори. Едноставно се работи за префрлање милитанти под маската на западот – изјави Захарова.

Советот на Европската Унија на 2 декември издвои 31 милион евра за воено-техничка помош на украинските воздухопловни сили. Покрај тоа, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека оваа недела Киев ќе добие мало оружје и муниција – а тоа ќе биде последната серија на испораки во вредност од 60 милиони долари, која ја одобри американскиот претседател Џо Бајден.

Како што претходно изјави американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, Вашингтон од 2014 година издвоил повеќе од 2,5 милијарди долари за поддршка на украинската армија. Додека нацртот на американскиот буџет за одбрана за 2022 година вклучува 300 милиони долари за воена помош за Киев.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!