Вие имате прво да ја знаете вистината

САД, земја со најмногу смртни случаи поради Ковид-19 вирусот во светот, бројката надмина 800,000 луѓе!

Бројот на жртви поради зараза со Ковид-19 вирусот во САД ја надмина бројката од 800.000, што е највисок регистриран број на смртни случаи од почетокот пандемија во една држава.

Од почетокот на пандемијата, бројот на случаи заразени со Ковид-19 на територијата на САД е потврдено дека ја надмина бројката од 50 милиони луѓе. Најголем број на смртни случаи е забележан кај невакцинираните и постарите лица, а повеќе Американци животот го изгубиле во 2021 година отколку во 2020 година.

Според последните информации, стапката на смртност во САД повторно расте со алармантна стапка. Последните 100.000 смртни случаи се регистрирани само во последните 11 недели.

Брановите на болеста што ја гледаме ќе продолжат се додека имунитетот на ниво на населението не биде доволно висок за да го спречи тоа. Сè уште не сме во таа фаза – изјави Кери Алтоф, епидемиолог од школата за јавно здравје, Џон Хопкинс.

Поминаа повеќе од 650 дена откако првиот американски пациент почина од Ковид-19 вирусот што беше регистриран во Сиетл. Претставниците на јавното здравство оттогаш почнаа да ги припишуваат претходните смртни случаи на вирусот.

Речиси 300.000 луѓе го загубиле животот како последица на инфекција со Ковид-19 од воведувањето на вакцината против вирусот, Фајзер, минатата зима.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!