Вие имате прво да ја знаете вистината

Северна Кореја во жалост: Поична Ким Џонг Џу, роден брат на првиот лидер на државата

Почина Ким Џонг Џу, помладиот брат на севернокорејскиот основач, Ким Ил Сунг и поранешен втор најмоќен функционер во земјата пред да биде назначен неговиот внук за лидер, објавија севернокорејските државни медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изрази длабоко сочувство и испрати венец со сочувство, објави официјалната корејска централна новинска агенција (KCNA).

Ким Џонг Џу напорно се бореше за спроведување на политиката на Работничката партија, придонесе за забрзување на социјалистичката конструкција и развој на државниот општествен систем во корејски стил, додека со години беше на важни позиции во партијата и државата – се наведува во извештајот на KCNA.

Новинските извештаи, сепак, не го прецизираат точниот датум кога починал Ким Џонг Џу.

Според севернокорејските власти , тој е роден во 1920 година, што значи дека во моментот на смртта имал 100 или 101 година.

За време на владеењето на Ким Ил Сунг, многу експерти за надворешна политика го сметаа Ким Џонг Џу како втор најмоќен функционер на Северот или дури и наследник на неговиот брат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!