Вие имате прво да ја знаете вистината

Стеф Кари испиша историја! Соборен уште еден рекорд во НБА лигата, Стеф е најдобриот тројкаш на сите времиња (видео)

Екипата на Голден Стејт Вориорс успеа да издвои победа над екпата на Њујорк Никс во една од најубавите арени во САД, Медисон Сквер Гарден, со конечен резултат од 105:96. Главниот „виновник“ за победата на Вориорс секако е Стеф Кари, кои успеа да испише историјата во НБА лигата, поставувајќи рекорд по бројот на постигнати тројки во најсилната кошаркарска лига во светот.

Тој сега е на неверојатна бројка од 2.974 постигнати тројки во кариерата. Стеф успеа да го претекне легендарниот играч Реј Ален, кој засега има одиграно 511 натпревари повеќе од Кари во кариерата, а Стеф веќе успеа да го надмине неговиот рекорд на вкупен број постигнати тројки! 

Инаку, Кари го заврши натпреварот против Никс со 22 постигнати поени, а во победничкиот тим се истакна и Џордан Пул кој постигна 19 поени. Најефикасен поединец на натпреварот беше играчот на Никс, Џулиус Рендл со 31 поен, а успеа да фати и осум скока.

Погледнете ја тројката со која Кари ја испиша историјата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!