Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос во Хонг Конг: Околу 300 луѓе останале заглавени на покривот на Светскиот трговски центар поради пожар! Луѓето се евакуираат (видео)

Голем пожар избувна во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, а според дневниот весник „China Morning Post“, околу 300 луѓе биле заробени на покривот на трговскиот центар.

Пожарот бил пријавен во 12.37 часот по локално време и ги зафатило просториите на трговскиот центар и канцеларискиот комплекс, пренесува весникот.

Засега нема информации за жртви, а неколкумина имале потешкотии со дишењето поради вдишување чад.

Противпожарните екипи се уште се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот. Полицијата соопшти дека за сега повеќе од 100 луѓе се евакуирани од центарот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!