Вие имате прво да ја знаете вистината

Шок на брегот во Калифорнија! Забележано џиновско морско суштество кое ретко се гледа (фото)

Џиновска, фантомска медуза за прв пат е забележана на брегот во Калифорнија, оваа водно сушество за прв пат видено во 1899 година, но се смета за морско суштество кое не можете да го уловите, бидејќи е фотографирано само 110 пати во последните 110 години низ светот.

Ретката џиновска медуза има бизарни „раце во устата“ и многу ретко се гледа во морето.

Ова џиновското суштество е снимено само девет пати за време на илјада нуркања во заливот Монтереј.

Ова мистериозно суштество живее во мрачната зона на морињата, што значи дека го сака оној дел од морето каде светлината ретко продира. 

Устата на оваа медуза е во нејзините раце, а околу неа лебдат четири пипала кога таа плива. 

Се смета дека овие фантомски медузи се хранат со планктони и мали риби, но сè уште нема доволно истражувања за тоа како овие животни преживуваат.

Сега, научниците се уште знаат многу малку за ова животно – велат од истражувачкиот институт.

Причината зошто научниците знаат толку малку е тоа што овој морски ѕвер ретко се издигнува на површината на морето, што е вистински предизвик за истражувачите.

Истражувачите открија еден интересен факт, а тоа е дека кога фантомска медуза ќе се извади на површината на морето, тогаш нејзината „свилена површина“ се претвора во „желатинска маса“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!