Вие имате прво да ја знаете вистината

Јавноста изненадена: Салах не се најде помеѓу 23. најдобри фудбалери според листата на ФИФА

Спортската јавност беше изненадена од листата со имињата на 23 играчи кои влегоа во потесниот избор за најдобрите 11 фудбалери во светот според ФИФА. Имено, во изборот го немаше одличниот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах.

Инаку, оваа фудбалска награда ја доделуваат професионални фудбалери од целиот свет, кои минатата сезона гласаа за најдобрите единаесетмина кои треба да влезат во трката.

Интересно е што Салах не најде место помеѓу најдобрите напаѓачи во светот. На списокот се Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд, Роберт Левандовски, Ромелу Лукаку и триото на ПСЖ составено од Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар.

А вака изгледаше комплетна листа:

Голмани: Алисон Бекер, Џанлуиџи Донарума и Едуард Менди

Дефанзивци: Давид Алаба, Жорди Алба, Трент Александар-Арнолд, Дани Алвес, Леонардо Бонучи и Рубен Дијаз.

Играчи од средниот ред: Серхио Бускетс, Кевин Де Бруин, Бруно Фернандеш, Френки, Жоргињо и Н’Голо Канте.

Напаѓачи: Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд, Роберт Левандовски, Ромелу Лукаку, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!