Вие имате прво да ја знаете вистината

Њујорк како честитка за Божиќ: Забава од елката Рокфелер до светлосното шоу на Петтата авенија

Иако божиќните саеми ширум светот се намалуваат, строго се следат или целосно се откажуваат поради постојаната закана од нови инфекции со коронавирус, Њујорк блесна во светло како пред пандемијата.

Одборот за украсување на „Големото јаболко“ одлучи градот да блесне како да е позадина на божиќен филм во кој никогаш не се случила пандемија.

Од традиционалното осветлување на дрвото Рокфелер, преку светлосното шоу на Петтата авенија, па сè до џиновските топки на Шестата, градот ги привлече своите њујорчани на турнејата, зад која е уште една тешка година.

Во 2020 година, градот се соочи со огромни загуби поврзани со пандемијата, која се прелеа во 2021 година, а годината беше засенета од смртни случаи и инфраструктурни штети предизвикани од големото невреме Ида.

Покрај самите граѓани, од светлата воодушевија и орди туристи, кои се среќни што го доживеаја Њујорк во сиот негов сјај. Минатата година на странците не им беше дозволено да патуваат во земјава како туристи, а мерката беше укината есенва.

Иако Њујорк одлучи да ги слави празниците како пред пандемијата, бројот на случаи во тој град на бранот на прославување на Денот на благодарноста повторно е во пораст.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!