Вие имате прво да ја знаете вистината

Џонсон бара нови мерки против омикрон, поддршката во парламентот поделена

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска се обиде да го оправда начинот на кој ја водеше земјата низ пандемијата на коронавирусот, изјавувајќи дека во моментов се потребни нови антиковид мерки во борбата на државата против новиот сој омикрон.

Џонсон изјавата ја даде само еден ден откако над 100 пратеници на неговата Конзервативна партија го кренаа гласот против поради рестриктивните мерки во земјата.

Британските медиуми денеска пренесуваат дека владата на Џонсон се обиде да го ублажи ефектот од гласањето во парламентот против неговата администрација, на кое им се придружија и пратениците од неговата партија.

Еден министер кажа дека не е изненадување што има различни ставови за рестриктивните мерки, кои многу конзервативци ги нарекоа драконски.

Британскиот лидер оцени дека усвоените мерки се спроведени со цел да се сузбие новиот сој омикрон, а тие имплицираат дека луѓето на јавните места ќе мора да носат ковид пропусници за одредени објекти.

Членовите на опозициската Лабуристичка партија побрзаа да истакнат дека мерките се одобрени само благодарение на нивните гласови, а лидерот Кир Стармер го обвини Џонсон дека е „најлошиот можен премиер во најлош можен момент“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!