Вие имате прво да ја знаете вистината

НАСА во паника: Што се случува на Марс ? Блокиран сигналот помеѓу роверот и хеликоптерот, еве ги причините за тоа

Роверот на НАСА кој се наоѓа на планетата Марс, изгубил контакт со хеликоптерот на истата планета, со кој ја истражуваат оваа не многу позната планета за човекот. 

Експертите од НАСА сè уште не се сигурни што го попречува сигналот помеѓу хеликоптерот и роверот, но претпоставуваат дека губењето на контакт најверојатно се должи на ридовите што го блокираат радио сигналот низ планетата.

Американската вселенска агенција објави дека за време на 17. лет на хеликоптерот на Марс, при слетувањето, роверот целосно ја изгубил комуникацијата со хеликоптерот цели 15 минути, откако добил серија на податоци за моменталната локација на хеликоптерот. Подоцна повторно била воспоставена комуникација, но многу ограничена и тешка.

НАСА соопшти дека добила ограничен број на податоци за хеликоптерот кои покажуваат дека состојбата на батеријата и роторот се во ред и дека соларните ќелии ја полнат батеријата. Сепак, не е воспоставена комуникација помеѓу хеликоптерот и роверот за да би можеле да испраќаат слики и податоци од таму.

Теди Канетос, првиот човек и одговорен за  програмата „Инженеринг“  на НАСА, изјави дека сигналот може да се деблокира за неколку дена, што хеликоптерот тоа време ќе го користи за полнење на батериите.

Не е познато како изгледа местото каде што слетал хеликоптерот, бидејќи податоците од него не можат да стигнат до роверот кој пак ги препраќа на Земјата. Канетос верува дека контактот ќе биде воспоставен кога роверот ќе биде преместен на друга локација за истражување.

Доколку тоа не се случи, експертите на НАСА ќе се обидат да го поместат роверот кон хеликоптерот или да ги пренасочат антените во неговата насока.

Последната опција ќе биде да се испрати сигнал до хеликоптерот да полета вертикално, а НАСА се надева дека контактот со роверот би можел повторно да се воспостави. Но, таа опција е опасна за хеликоптерот кој е вреден 80 милиони долари, бидејќи не се знае на каков терен се наоѓа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!