Вие имате прво да ја знаете вистината

Авионска несреќа во Домениканска Република. Животот го изгубија девет лица помеѓу кои и две деца (видео)

Девет лица го загубија својот живот за време на авионска несреќа во Доминиканската Република. Авионот требало да полета од Санта Доминго за Флорида, но дошло до несреќа во која животот го загубиле девет лица, помеѓу кои и две деца.

Авио-компанијата Хелидоса, информира и жали за несреќата на нејзиниот авион на аеродромот Лас Америкас (Санто Доминго) во која загинаа сите патници и членови на екипажот – се наведува во соопштението на оваа авиокомпанија.

Како што може да се види од манифестот за летот што го објавија новинарите, екипажот го сочинувале двајца пилоти и стујердесата на авионот, а помеѓу шесте патници имало и две деца на возраст од четири и 13 години.

Констатирана е и неправилност, според информациите, авионот летал за Орландо, а компанијата навела дека дестинацијата е Мајами. Авионот наводно се обидел да слета поради технички проблеми, но не успеал.

Според локалните медиуми, помеѓу жртвите се и порториканскиот музички продуцент, Хозе Анхел Хернандез познат како „Flow la movie“ и неговата сопруга.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!