Вие имате прво да ја знаете вистината

АНКЕТА: Граѓаните најмногу доверба имаат во Армијата и претседателот додека најмалку им веруваат на истражните органи и судот! Зголемен и процентот на граѓаните кои сметаат дека членството во ЕУ е добра работа!

Армијата, претседателот и религиозните институции се трите сектори во земјава што уживаат најголема доверба на граѓаните, додека судските инстанции уживаат најниска доверба.

Последното истражување реализирано од Центарот за европски стратегии – ЕВРОТИНК, покажува дека граѓаните во државата најголема доверба имаат во Армијата (47 отсто), потоа следи институцијата претседател на државата (31 отсто) и на трето место се религиозните заедници (30 отсто). Од друга страна, граѓаните според наодите на ЕВРОТИНК, кој произлезе од истражувањето реализирано од 23 до 30 ноември, најмалку им веруваат на судската власт и обвинителството (8 отсто).

Во однос на работењето на полицијата на Република Македонија, доминира негативниот став во евалуацијата на сите мерни аспекти. Сепак, 30 отсто се на мислење дека полицијата е професионална во своето работење, 26 отсто дека е ефикасна, 22 отсто дека е транспарентна, 20 отсто дека е отчетна, 16 отсто дека ги зема предвид мислењата и потребите на граѓаните во донесувањето на одлуките и 13 отсто дека полицијата е независна од партиските, владините и бизнис-интересите.

Наспроти генералната негативна оценка за работење на полицијата, граѓаните кои имале личен контакт позитивно ја оценуваат професионалното на полициските службеници во своето работење. Во услови на пандемија со Ковид-19, 13 отсто имале потреба да контактираат со полицијата за прашања поврзани со пандемијата, а од нив 61 отсто позитивно го оцениле ова искуство, покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.

Дел од ова истражување и испитувањето на мислењето на граѓаните се и за прашања поврзани со евроинтреграцискиот процес на Македонија.

Најголем дел од граѓаните остануваат упорни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба со крајот на 2020 година, ова година за два отсто поени е зголемен процентот на граѓаните кои сметаат дека членстовото во ЕУ е добра работа. И покрај ветото од Бугарија, поддршката за пристапувањето кон ЕУ останува стабилна и бележи раст.

За 3 отсто поени се зголемени и очекувањата за почнување на преговори во следните шест месеци, речиси три четвртини (74 отсто) од граѓаните би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ, а една третина сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните пет години, покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.

Воедно, според анкетата, околу половина од граѓаните на Македонија, сметаат дека односот на Унијата кон земјава е нефер, надмен и уценувачки.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!