Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден воодушевен од новиот антивирусен лек на „Фајзер“

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска изјави дека е воодушевен од податоците објавени од компанијата „Фајзер“ за нејзиониот антивирусен лек против Ковид-19, и дека администрацијата нарачала доволни количества таблетки за лечење на 10 милиони Американци. 

-Вакцинацијата и примањето на дополнителна доза се најважните инструменти за да се спасат животите на луѓето, изјави претседателот. 

„Но, ако ова лекарство се регистрира и добие одобрение и во моментот кога тие таблетки ќе станат широкодостапни, тоа ќе стане значаен чекор напред во нашиот пат за излез од пандемијата“, додаде тој. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!