Вие имате прво да ја знаете вистината

Безживотното тело на познатата инфлуенсерка пронајдено во река. Неколку часа пред тоа таа објавила фотографии на своите профили!

Бразилскиот познат модел и инфлуенсерка, Јасмин Кавалиеро де Македо која има само 21 година, исчезна по патување со брод на 12 декември оваа година, а нејзиното безживотно тело набрзо беше пронајдено во реката Магуари.

Потрагата по манекенката траеше еден ден, а резултатите беа катастрофални и покрај надежите на семејството и пријателите дека таа е жива. Непосредно пред патувањето таа и пратила селфи на својата мајка од патувањето, а била активна и на социјалните мрежи.

Последниот телефонски разговор со мајка си го имала ноќта пред да исчезне. Во потрагата била вклучена лично и нејзината мајка, а полицијата ја известила јавноста дека со обдукција ќе се утврди точната причина за смртта на девојчето.

Тамошните власти соопштија дека истрагата за нејзината смрт е во тек, но не дадоа повеќе детали. Тие не открија колку луѓе имало на патувањето, ниту дали сите носеле елеци за спасување.

Јасмин објавуваше фотографии од патувањето, а само неколку часа пред да исчезне покажа како ужива во бикини на брод. Точните околности на смртта полицијата треба да ги соопшти деновиве. Јасмин имаше над 30.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!