Вие имате прво да ја знаете вистината

Биткоинот би можел да падне на нула !? Централната банка на Велика Британија предупреди за ризиците на криптовалутите!

Централната банка на Велика Британија соопшти дека познатата криптовалута Биткоин, може да стане безвреден и дека луѓето кои инвестираат во оваа валута треба да бидат подготвени за можноста да изгубат сè.

Во предупредувањето за потенцијалните ризици на инвеститорите, Банката упати сомнеж дали криптовалутата има вродена вредност на најистакната дигитална валута, чија вредност се искачи на близу 50.000 долари по едно парче оваа година.

На почетокот на ноември Биткоинот достигна рекордна вредност од 67.000 долари, но потоа вредноста драстично падна откако за прв пат се појави веста за новата варијанта на Ковид-19 вирусот, Омикрон.

Биткоинот успеа да се стабилизира минатата недела. Заменик гувернерот, Сер Џон Канлиф изјави дека Банката мора да биде подготвена за ризиците поврзани со растот на криптовалутите по брзиот раст на нејзината популарност.

Цените може значително да варираат на Биткоинот така што теоретски или во пракса може да падне на нула, изјави тој.

Пазарната капитализација на криптовалутите се зголеми десеткратно од почетокот на 2020 година за околу 2,5 милијарди долари, што претставува околу 1 отсто од глобалните финансиски средства.

Околу 0,1 отсто од богатството на британските домаќинства е претворено во Биткоин и слични криптовалути.

Речиси 2,3 милиони луѓе поседуваат криптовалута, во просек секоја личност по околу 330 фунти.

Комитетот за финансиска политика на централната Банка, формиран по финансиската криза во 2008 година за следење на ризикот, во понеделникот соопшти дека има мала директна закана за стабилноста на финансискиот систем на Велика Британија поради криптовалутите.

Сепак, одборот предупреди дека, со сегашната брза стапка на раст, таквите средства би можеле повеќе да се поврзуваат со традиционалните финансиски услуги и веројатно ќе претставуваат можност за голем број ризици.

Најавувајќи го својот редовен преглед на состојбата на финансискиот систем, Банката соопшти дека главните институции треба внимателно да пристапат кон прифаќањето на криптовалутите и дека треба да посветат големо внимание на нивните случувања на пазарот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!