Вие имате прво да ја знаете вистината

Велика Британија повторно има рекорден број на новозаболени

Обединетото Кралство денеска бележи нов рекорд по бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус.

Евидентирани се 88.376 нови случаи на инфекција.

Така втор ден по ред беше соборен рекордот на нови случаи. Вчера се регистрирани 78.610 нови случаи.

Најголем број дневни регистрирани случаи пред вчера имало на 8 јануари и изнесува 68.053, јавува Би-би-си.

Денеска се регистрирани 146 смртни случаи кај кои тестот за корона бил позитивен во последните 28 дена.

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа одржа прес-конференција. Заедно со Џонсон, шефот на англиското јавно здравство, проф. Крис Вити и сор. Ники Канани, директор на примарна грижа за NHS на Англија.

Започна со повик за засилена вакцинација бидејќи омикрон продолжува да се шири низ целата земја.

„Секој возрасен во Англија од денес може да се вакцинира со бустер. Апсолутно е важно луѓето сега да се вакцинираат со бустер доза бидејќи Обединетото Кралство бележи рекорден број на новозаразени случаи“, рече тој.

„Хоспитализациите само во Лондон се зголемуваат за речиси една третина“

„Стапката на удвојување на омикрон во некои региони сега е намалена на помалку од два дена“, рече тој, додавајќи дека хоспитализациите се зголемиле за 10 отсто на национално ниво за една недела и за речиси една третина само во Лондон.

„Секое лице што ќе ги засука ракавите за да се вакцинира со бустер доза, им помага на националните напори за борба против омикрон, без разлика дали стои во редот или резервира за вакцинација“, рече тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!