Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Романија деца запалија зграда: Оштетени 150 станови и 37 автомобили

Романската полиција започна потрага по двајца тинејџери осомничени дека предизвикале пожар во Констанца.

Во пожарот се оштетени 150 станови и 37 автомобили, јавува романски Адеварул.

Ги снимиле безбедносните камери, пред да се запалат неколку автомобили, а пожарот да се прошири во подрумот на зградата.

По интервенцијата, пожарникарите соопштија дека се евакуирани околу 250 жители, а девет лица се префрлени во болница.

Во акцијата за гаснење учествуваа вкупно 200 пожарникари со 35 возила.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!