Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ гледајќи тажно во таванот го призна енергетскиот колапс во Србија: „Би се обесил на најголемиот лустер“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија призна дека во неговата земја во последните денови се случил енергетски колапс.

Тој рече дека не сака ништо да крие од граѓаните на Србија и тврди дека комуналните служби добро ја завршиле работата, но дошло до енергетски колапс. Според Србија Данас, најтешко било во областа Моравица, во делот на окрузите Колубара и Златибор.

„Најтешко беше на територијата на Ивањица. Сè уште имаме околу 1.800 домаќинства на кои им беше исклучена струјата. Во околината на Ваљево и Чачак имаме места каде што нема струја“, рекол Вучиќ, пренесува „Србија тудеј“, додавајќи дека тие треба да имаат доволно струја од понеделник, само за свои потреби.

„Очекуваме системот да се стабилизира во понеделник и ќе видиме дали ќе успееме во тоа. В1 треба да се приклучи на мрежата вечерва, А3 наутро. На тој начин би ги вклучиле А1, А2, А3 и Б1 во TENT, рече Вучиќ, додавајќи дека ЕПС не дала доволно јаглен од ископите и многу земји ќе замрзнат зимава, а Србија нема ако успее да ги реши проблемите со блоковите.

„Одговорните за нашите грешки ќе мора да ги сносат последиците. Очекувам Грчиќ (в.д. директор на Електропривреда Србија), твојата реакција затоа што верувам дека ние што работиме јавна работа можеме да грешиме, но во такви големи работи степенот на одговорност мора да биде многу поголем“, рече Вучиќ и додаде дека Душан Бајатовиќ (директор на Србијагас) се вратил од Санкт Петербург со незавршена работа во однос на дополнителни количества гас.

„Проблемот Бајатовиќ е што проширувањето на Банатски двор со години не го направивме. Оттаму со голема брзина трошиме количини“, рече Вучиќ и изрази надеж дека русите сепак ќе им излезат во пресрет.

Тој рече и дека потрошувачката на струја и гас ќе продолжи да расте и дека има уште 13.000 луѓе кои немаат струја. Тој смета дека е неопходно војската да испрати инженерски единици, а полицијата хеликоптери за да се префрлат екипи кои ќе ги решаваат проблемите на луѓето во зафрлените села.

Претседателот побара и луѓето кои немале струја 24 часа да добијат помали сметки, не само затоа што не трошеле струја 24 часа, туку да добијат пониска цена како отштета затоа што системот да не издржал.

„Можеби треба да платат само половина од сметките за овој месец. Мислам дека тоа е добра идеја и да ве научат да бидете одговорни“, рече Вучиќ.

Милорад Грчиќ рече дека Б1 е вклучен и дека А3 ќе биде вклучен во текот на ноќта.

„Од утре попладне ги „напаѓаме“ блоковите А4, А5, А6 за да бидеме онлајн пред викенд“, рече Грчиќ, пренесува Србија Данас, а Вучиќ одговори: „Се надевам дека сте свесни за вашите обврски“, а Грчиќ одговори потврдно.

„Згрешив што не отидов со „Колубара Б“. Ги слушав сите можни екологисти, лажни експерти и странци кои дојдоа да ми солат памет… Ќе се обесам на овој најголем лустер овде, само затоа што ги слушав сите.Знаев дека сите лажат, па за среќа почнавме со Костолац, инаку сега немаше да имаме ни струја“, драматично рече Вучиќ, а снимката од неговата изјава стана хит на социјалните мрежи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!