Вие имате прво да ја знаете вистината

Голема трагедија во Австралија: Во забавен парк животот згасна за четири дечиња!

Голема трагедија денеска се случи во Австралија во која животот го изгубија четири деца, а пет други деца се тешко повредени во забавен парк, соопштија тамошните власти.

Несреќата се случила во училишниот двор на основно училиште во Девонпорт, Тасманија, за време на прославата за крајот на учебната година, а настанала од налет на ветер кој го подигнал замокот на дување на висина од околу 10 метри, откако после тоа тој паднал на земјата.

Според полицијата и истражните органи, децата паднале од височина од околу десет метри. Животот трагично згаснал за две момчиња и две девојчиња, додека не е наведено за возраста на децата.

Австралискиот премиер, Скот Морисон ја опиша несреќата како незамисливо сценарио.

Малите деца се забавуваат на тој ден, но тоа се претворило во страшна трагедија. Во овој период од годината само тоа може да го скрши срцето, изјави тој.

На повредените деца им била укажана прва помош, потоа со хеликоптер биле префрлени во болница. Инаку, ова требало да биде забавен ден по повод последниот ден од учебната година, но заврши трагично.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!