Вие имате прво да ја знаете вистината

Гореле дрога и го запалиле бродот: Американската морнарица спаси ирански шверцери и дрога од 14 милиони долари

Американската морнарица спаси пет ирански морнари од запален брод во Оманскиот залив.

„Персоналот на американската морнарица спаси пет морнари од пожар што избувна по експлозија на нивниот брод што шверцуваше дрога и минуваше низ Оманскиот залив“, изјави за NAVCENT Централната команда на американската морнарица, додавајќи дека еден морнар се води како исчезнат.

Се верува дека шверцерите запалиле дрога вредна 30 милиони долари и случајно го запалиле бродот откако забележале дека им се приближува бродот на американската морнарица, соопшти американската петта флота.

По пожарот дошло до експлозија и густ чад, како и силна миризба на хашиш, што го преплавиле Оманскиот залив.

Воената морнарица на бродот пронашла повеќе од 1.745 килограми хашиш, 500 килограми метамфетамин и 30 килограми хероин.

Вредноста на дрогата која не изгорела се проценува на 14,7 милиони долари. Тоа е само половина од вкупната количина што се наоѓала на бродот, додека остатокот бил запален или фрлен во вода.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!