Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали екипата на Барселона полека но сигурно станува роб на банките и инвистициските фондови !?

Летово кога се договори позајмицата вредна речиси 600.000.000 евра од банката Goldman Sachs, претседателот на Барселона, Жоан тврдеше дека тоа го прави за да ја поправи штетата направена за време на катастрофалниот претседателски мандат на неговиот претходник, Хосеп Марија Бартомеу. 

Како одминува времето, на екипата на Барселона се повеќе и се заканува да стане роб на банките и инвестициските фондови, односно големи проблеми со пари за кои не се знае дали ќе можат да се вратат.

Веста дека Жоан Лапорта и Мино Рајола се сретнале во Торино за да разговараат за евентуалниот трансфер на Ерлинг Халанд на лето, наводно е точна. Пиринејскиот полуостров ги повторува деталите од планот на актуелниот претседател на клубот, Лапорта, да добие голем потпис со кој ќе започне нова ера на клубот чии долгови секојдневно се таложат.

Имено, претседателот на Барселона е подготвен да земе нова позајмица, овојпат за сумата потребна за комплетирање на трансферот. Тоа е некаде околу 170.000.000 евра, со компензација, бонуси за потпис и провизии.

Каталонски весник Спорт, пишува дека голем интерес за склучување договор со Барселона покажале неколку инвестициски фондови, главно американски, под изговор дека ќе помагаат за финансиско закрепнување на клубот, што во пракса може да биде нож со две острици.

За потсетување, Барселона од банката Goldman Sachs зеде позјамица од 600 милиони евра со обврска да се вратат за десет години. Тоа се одвиваше во време на мандатот на Бартомеу, парите беа планирани да се искористат за неговиот мега проект „Еспаи Барса“, со кој требаше да се реновира целиот стадион Камп Ноу и да го претвори во еден од најмодерните фудбалски објекти во светот, а дополнително и да изгради целосно нов спортски комплекс.

Новиот претседател, Лапорта набрзо се предомисли за мега проектот по мартовските избори во Каталонија, бидејќи долговите на Барселона одамна надминаа една милијарда евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!