Вие имате прво да ја знаете вистината

Данска ќе испрати криминалци во затвор во Косово: „Без грижи, ќе бидат третирани исто како и овде“

Не е невообичаено, но изнајмувањето затворски ќелии не се случува толку често. Сепак, се поголем број западни земји ги пребукираа затворите, недостигот на персонал и простор, па решението го бараат со изнајмување затворски ќелии во други земји. Белгија веќе долги години испраќа дел од своите затвореници во соседна Холандија, за што плаќа значителна сума.

Од оваа практика ќе има корист и Косово, кое потпиша договор со Данска за изнајмување 300 затворски ќелии. Во нив Данска ќе испрати дел од своите затвореници, за кои во следните десет години ќе плати 210 милиони евра.

Овој договор е потврден од Министерството за правда на Република Косово.

„Министерството за правда соопштува дека е постигнат договор со институциите на Кралството Данска за обезбедување на затворски одделенија со капацитет од 300 осуденици, кои ќе бидат донесени од Кралството Данска. Осудените кои ќе бидат сместени во овие одделенија не се лица од висок ризик. Како компензација, Република Косово ќе добие 210 милиони евра, кои ќе бидат наменети за капитални инвестиции, особено за обновливи извори на енергија“, се вели во соопштението на Коха Диторе од косовското Министерство за правда.

Истото министерство наведува дека данските институции состојбата во косовските затвори ја оцениле како позитивна. Договорот треба официјално да биде потпишан во понеделник (20-ти декември) за време на посетата на данскиот министер за правда Ник Хекеруп на Косово.

Хекеруп рече дека е убеден дека човековите права на затворениците ќе се почитуваат во согласност со меѓународните стандарди.

„Ќе важат истите правила како во Данска“, изјави тој за данските медиуми.

Косово моментално има 1.642 затвореници во 11 затвори и притворски центри во кои можат да се сместат околу 2.400 луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!